Младата машка репрезентација на Македонија триумфално го заврши својот настап на Светското првенство за ракометари до 19 години во Хрватска.
Во дуелот за 9.место Македонија ја победи Чешка со 28-22.
Нашите ракометари одлично го отворија мечот со 3-0. Чесите стигнаа до израмнување. Но, повторно избраниците на Раде Стојановиќ возвратија со серија (3-0 и 4-1) за највисоки +4 (7-3). На одмор жолто-црвените заминаа со два гола предност (13-11).
Во вториот дел Чесите во три наврати успеваа да го израмнат резултатот, но тоа беше се што напите ракометари им дозволија. На крајот македонските ракометни надежи заслужено се радуваат на триумф со убедливи 28-22.
Најефикасен во нашата селекција и на натпреварот беше Николче Калаџиески со 12 голови.
Давид Димевски постигна 8, а Марио Стојановски додаде 4.
Така, Македонија со два порази од скандинавските (Норвешка и Данска) и пет победи (Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и Чешка), завршија како 9-то рангирани во конечниот поредок на Мундијалот што брои 32 селекции.
Да не беа судиските неправди од првиот меч со Норвешка, сигурно дека овие македонски момчиња ќе се вмешаа во борбата за медали.
Така, оваа генерација предводена од Стојановиќ, својот потенцијал ќе треба да го потврди следната година кога ја очекува настап на Европскиот шампионат.