Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја рангира Македонија како петта во конкуренцијата на селекции кои ќе играат пред-квалификации за Олимпијадата во Париз.
ФИБА направи еден рејтинг за актуелните можности на осумте селекции кои преку турнирите во Талин и во Гљивице ќе се борат за Олимписките игри.
Во анализата на ФИБА не е влезено отсуството на најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ, кој поради повреда, не отпатува за Талин.
Според анализата на ФИБА, македонската репрезентација има напредок. Ги поминавме двете претквалификациски фази за Евробаскетот 2025. Го имаме најдобриот играч во ФИБА Лигата на шампионите Ти-Џеј Шортс. А, сериозна поддршка му е играчот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ!?
Очигледно дека авторот не бил добро информиран. Оттаму повеќе од јасно е дека рангирањето како петти фаворит, не држи „вода“.
Според ФИБА, главен фаворит е репрезентацијата на БиХ.
По Босанците следуваат, Полска, и напите противници во Талин, селекциите на Чешка и Израел. Послабо рангирана од нас е домашната селекција на Естонија.
Најмалку шанси за учество на Олимпијадата им се даваат на Унгарија и Португалија.
Првопласираните две репрезентации од Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се пресели во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри.
Само победникот од турнирот во Полска, ќе биде учесник во главните квалификации за Олимпијадата во Париз.
The time has almost arrived ⌛️#FIBAOQT Poland & Estonia Power Rankings are out 🔥
— FIBA (@FIBA) August 10, 2023