Првиот трофеј во Португалија оваа сезона оди во витрините на Бенфика.
Во дуелот меѓу најголемите ривали Бенфика победи против Порто со 2:0 во португалскиот Суперкуп. Лисабонскиот тим минатата сезона ја освои шампионската титула, додека Порто го освои Купот.
Целата работа фудбалерите на Бенфика ја завршија за само седум минути.
Прво, Анхел Ди Марија, во 61.минута со прекрасниот гол им донесе водство на „црвените“, а веќе 68. минута хрватскиот репрезентативец Петар Муса погоди за конечни 2:0.
Ова е деветти трофеј за Бенфика во Суперкупот, додека Порто овој трофеј го има освоено 23 пати.