Младата женска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра петтиот натпревар на Европското првенство за ракометарки до 17 години.

На шампионатот што се одржува во Подгорица, македонските кадетки за противнички ќе ги имаат врсничките од Португалија.

Иако вчера беа поразени од Норвешка со 10 гола разлика, сепак прикажаното во првиот дел влева надеж дека младите македонски ракометарки можат и повеќе од досега прикажаното.

Португалките на ова првенство веќе еднаш се радуваа на победа против Холандија, па затоа ја имаат благата улога на фаворитки.

Сепак, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски се надеваат дека може и тие конечно за прв пат да се израдуваат на победа.

Триумфот би го поправил впечатокот, а за нијанса и пласманот. Победникот би завршил на 3-место во групата, а со тоа би разигрување за пласман од 9 до 12 место.

Поразениот ќе разигрува за позиција од 13 до 16 место во конечниот поредок.

Денешниот натпревар Македонија – Португалија започнува во терминот од 13.30 часот.