Женската кадетска репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот убедлив пораз на ЕП за ракометарки до 17 години во Подгорица.
Македонските ракометарки денеска се совладани од врсничките од Португалија со убедливи 23 голови разлика (36-13).
дека нема што да бараат и на овој натпревар беше јасно по воведните 10-минути во кој Португалките веќе направија пет гола предност. На полувремето ние имавме вкупно 8, а противникот дури 14 постигнати голови.
Во вториот дел уште полоша реализација на жолто-црвените. Македонските кадетки постигнаа само пет гола, а примија дури 22, па убедливиот пораз беше неизбежен.
Сега на напите млади ракометарки им преостанува во последните два натпревари да го избегнат последното место.
Следува разигрувањето за пласман од од 13 до 16 место во конечниот поредок.