Поранешниот македонски репрезентативец Димитар Караџовски по трет пат се враќа во Гевгелија.
38-годишниот кошаркар е првото засилување за екипата на Кожув за следната сезона. Караџовски изминатите две сезони го носеше зелено-бечлиот дрес на битолски Пелистер.
За него тоа ќе биде втор „кам-бек“ во Гевгелија. Тој за прв пат го носеше дресот на Кожув во сезоните 2012/2014, а потоа се врати и во сезоните од 2019 до 2021.
Засега во клубот од југот е мирно. Шефот на струката Александар Јончевски во моментов е ангажиран со сениорската репрезентација која ја очекува олимпискиот пред-квалификациски турнир во Талин,