Четвртиот Суперкуп во кошаркарската АБА конкуренција, ќе ми не без вице-првакот Црвена Звезда.
Од 18 до 20 септември во Подгорица, ќе бидат осум екипи кои ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона во регионалното натпреварување.
„Со согласност со резултатите во сезоната 2022/23, учество на турнирот потврдија Партизан, Будуќност, Цедевита Олимпија, ФМП, Мега, Задар и СЦ Дерби. По одлука на Црвена Звезда да не учествува на Суперкупот во 2023 година, Игокеа го доби и го искористи правото да се приклучи на настанот“,
пишува во информацијата на АБА лигата.
Запрашан зошто финалистот се откажа, спортскиот директор на Црвена Звезда, Милан Дозетза со кратка СМС порака одговорил.
„Мојот единствен коментар за неиграњето на мојот клуб е дека тоа е работа на АБА лигата, а не на црвено-белите. Немам што повеќе да коментирам“.
Сите екипи ќе одигра по три натпревари во исто толку денови, бидејќи ќе се играат и натпреварите за пласман. Покрај четвртфиналето, полуфиналето и финалето, ќе се играат и натпреварите за трети и петто место.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТИНАЛЕ
12.00 ч. Цедевита Олимпија – Игокеа
15.00 ч. Партизан – Мега
18.00 ч. Будуќност – Задар
21.00 ч. ФМП – СЦ Дерби