Младата женска репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз на ЕП за ракометари до 17 години во Подгорица.
Во натпревар од ново формираната група, а за пласман од 9 до 16 место, Македонија загуби од Норвешка со 21-31.
И овојпат нашите ракометарки одиграа само еден добро полувреме, првото.
Добро го почнаа натпреварот, беа конкурентни се до 22.минута, кога следуваше пад во играта. Норвежанките тпа го искористија и на паузата заминаа со 4 гола предност (15-11).
По шест минути игра во вториот дел, разликата беше преполовена (16-19), но повторно следуваше голем пад во играта. Противничките направија серија од 5-1 за водство од 17-24, што се покажа како недостижно за македонската селекција.
Ива Младеновска со 11 и Михаела Кралева со 8 голови, бена напите најефикасни ракометарки.
Утре нашите кадетки ќе го играат вториот натпревар од оваа група, а противник ќе биде Португалија во терминот од 13.30 часот.