Македонската кадетска репрезентација до 16 години, доживеа тежок пораз од фаворитот Франција во 2.коло од ЕП 2023 што се игра во Скопје.

Нашите надежи само во првата четвртина му парираа на кандидатот за еден од медалите на ова ЕП, кога во еден момент се вративме во игра од 12-4 на 18-17 и тука застанавме.

Во следниот период Франција прави голема серија и периодот го добива со 27-19. На полувреме веќе имаше +28 и резултатот беше 60-32.

До крајот на мечот Франција само ја зголемуваше разликата за голема победа против Македонија од 113-56.

Со оваа победа Франција стигна до вториот триумф на шампионатот откако вчера славеше и против Литванија која нешто порано ја победи Белгија со 73-48.

Нашите кадети утре треба да го поправат впечатокот, но ги чека уште еден тежок противник во името на Литванија.

Мечот се игра во истиот термин од 18.30 часот во СРЦ Кале. Влезот е СЛОБОДЕН!