Англиската Премиер лига е пред самиот старт, а традиционално се отвора со дуелот во „Комјунити шилд“ купот.
За првиот трофеј во новата сезона ќе се борат Манчестер Сити и Арсенал.
Иако Манчестер Сити лани ја освои Премиер лигата и ФА Купот „Граѓаните“ во борбата за трофеј во ова натпреварување ќе го има вицешампионот Арсенал.
Ова ќе биде 101-во издание на „Комјунити шилд“ купот во кој Манчестер Јунајтед е најуспешен со 21 трофеј. По него следуваат Арсенал и Ливерпул кои освоија по 16, додека Манчестер Сити ќе се бори за седмиот трофеј.
Манчестер Сити последните пет години играа дури четири пати во ова натпреварување. Минатата година „Граѓаните“ беа поразен од Ливерпул со 3:1, а трофејот го освоија во 2018 и 2019 година.
Арсенал пак во последните две свои појавувања во „Комјунити шилд“ купот успеваше да го осои трофејот. 2020-тата со победата над Ливерпул, односно 2017-тата совладувајќи го Челзи на пенали.
Денешниот дуел за трофејот меѓу Манчестер Сити и Арсенал, кои лани безмалку до крајот се бореа за титулата во Премиер лигата, ќе се игра на „Вембли“ со почеток од 17 часот.