Марко Безеки утре ќе стартува од пол-позицијата на 9-тата трка од Мото ГП шампионатот што ќе се вози за ГН на Велика Британија.
Италијанецот, најдобро се снајде на патека Силверстоун. По хаотично време пропратено со силен дожд тој постигна најбрзо време од 2:15.359 минути. На второто место заврши Џек Милер, а најдобрата тројка ја комплетираше Алекс Маркез.
За Безеки ова е втора пол позиција по ред откако беше најбрз и на патеката во Асен.
Лидерот и светски шампион Бањаја, имаше четврто време, а по падот на лизгавата патека, предвреме да ги заврши квалификациите.
Во најдобрите десет се пласираа и Фернандез, Марини, Мартин, Вињалес, Зарко и Биндер.
Квалификациите не ги завршија голем дел од возачите поради пад меѓу кои и освојувачот на пол позицијата Безеки.
Денеска во Силверстоун се вози и спринт трка која е за закажана за 16 часот, а трката е утре од 14.часот.
Despite the crash, it's POLE for Bez! 👏
He surfs to a P1 grid slot! 🏄#BritishGP 🇬🇧 pic.twitter.com/APNUGVNA4u
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 5, 2023