Македонија полека одбројува до најголемиот спортски настан што се се случи годинава кај нас. Европското првенство за одбојкари ќе се одржува во четири земји, а еден од градовите домаќини ќе биде и Скопје. 

Ако, досега продажбата на билетите за овој голем спортски настан одеше само онлајн преку Европската федерација, од денеска тоа може да го сторите и на нашата платформа, МК Тикетс како и низ продажните места ширум државата. 

Како што информираа од Одбојкарската федерација на Македонија, картите можете да ги купите како дневни билети по цена од 500 и од 750 денари. 

Продажбата на пакетите и натаму оди преку ЦЕВ на линкот следниот линк: https://tickets.cev.eu/cev-eurovolley-2023-men

Натпреварите во скопската група ќе се играат  од 30-ти август до 6-ти септември, во СЦ „Борис Трајковски“

Купете дневен билет и поддржете ги македонските одбојкари, е мотото од федерацијата. 

Видете ги сите продажни места низ државата на Фејсбук објавата на Одбојкарската федерација на Македонија во продолжение.