Нов убедлив пораз на женската кадетска репрезентација на Македонија на ЕП за ракометарки до 17 години.
Во дуелот од 2.коло на Д групата во Подгорица, македонските кадетки се надиграни од Унгарките со 17-46 (полувреме 6-23).
За разлика од вчерашниот натпревар (Романија) во кој беа рамноправи во првите 10-тина минути, денешниот со Унгарија сосема поинаква слика.
Уште на стартот нашите кадетки лошо влегоа во мечот. По четирите примени голови, првиот црвено-жолтите го постигнаа на истекот на 5-тата минута. Така веќе во 13-тата минута Македонија имаше и 10 гола негатива (2-12).
Јасно беше во кој правец ќе оди натпреварот, по на крајот Унгарките славеа со убедливи 46-17.
По овие два натпревари, повеќе од јасно е дека на овој шампионат нашите млади ракометарки се далеку од елитните репрезентации.
Откако утре имаат слободен ден, во понеделник ќе играат со топ фаворитот Франција.
Впечатокот ќе треба да го поправат во втората рунда или популарниот „Президент куп“. Во него црвено-жолтите ќе разигруваат за пласман од од 9 до 16 место.