Кадетската женска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на ЕП за ракометарки до 19 години.
Во натпревар од 1.коло на Ц групата во Подгорица, напите кадетки се совладани од Романија со 27-40.
Нашите ракометарки беа конкурентни само во водените 10-тина минути кога на семафорот стоеше резултатот 8-7 за Романките. Во продолжението противничките го кренаа темпото на игра, особено во одбраната, па на полувремето заминаа со 8 голови предност (23-15).
Така вториот дел беше само чиста формалност, а Романија само ја зголемуваше предноста за на крајот за слави со конечни 40-27.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Ива Младеновска со 10, додека Анастасија Трпеска постигна 7 голови.
Утре во рамките од 2.коло, Македонија за противник ќе ја има Унгарија (13.30 часот), а во последното во недела ќе игра против топ фаворитот Франција.