Женската кадетска репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години денеска го почнува својот настап на Европскиот шампионат во Црна Гора.
Нашите ракометарки ќе бидат дел од групата Д во која за противнички ќе ги имаат врсничките од Романија, Унгарија и Франција, редоследно.
Задачата за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски нема да биде нималку лесна во оваа конкуренција да се вбројат меѓу двете селекции кои ќе играат во главната рунда.
Имено двете првопласирани репрезентации од Д групата ќе вкрстата во Главната фаза (група 1) со двете првопласирани од Ц групата: Данска, Норвешка, Португалија и Холандија.
Трето и четврто пласираните селекции од овие две групи ќе играат во Втората група на „Пресидент купот“, за пласман од 9 до 16 место.
Првиот натпревар против Романките нашите кадетки ќе го играат попладнево од 15 часот и 45 минути.