Македонската сениорска репрезентација ги продолжува подготовките за олимписките пред-квалификации. Еден од оние кои дополнително добија повик во националниот тим е младиот Андреј Андоновски.
„Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. Доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех. Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од пред-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех“, вели Андоновски.
Претстојниот викенд (5 и 6 август) македонската репрезентација во Белград ќе одигра два натпревари со Полска.
Тоа ќе бидат и единствените контроли пред турнирот во Талин кој почнува на 12-ти, а на кој за противници ќе ги имаме Естонија, Израел и Чешка.