38-годишниот Кристијано Роналдо не запира со рекордите.
Со голот во победата на својата екипа Ал Наср против туниски Монастир со 4:1, Роналдо повторно испиша историја.
Во својата 22-ра сезона, тој реализираше со глава, со што стана рекордер по бројот на постигнати голови на тој начин.
Тој рекорд досега го држеше германската легенда Герд Милер, но Роналдо го мина со својот 145-ти гол со глава во кариерата.
Трета на листата е легендарниот играч на Реал, Карлос Сантиљана со 125, а четврти Пеле кој со глава постигнал 124 гола.