Македонската репрезентативка, Теа Терзиевска во следната сезона ќе настапува во Грција.
Теа која зад себе има богато меѓународно искуство, следната сезона ќе игра во Грција. Имено, таа потпиша едногодишен договор со екипата на Нопер, од Ретмино на Крит, која се натпреварува во Првата лига.
Терзиевска уште од својата 15-та година кога замина за Србија (МД Зрењанин). Следуваа настапите за хрватската Марина Кастела, па две сезони во германскиот Клопенбург, во турската екипа Ерегли, а потоа и Еотвос Дебрецен, во унгарската Прва лига.
Теа својата одбојкарска кариера ја започна од 10 години, следејќи ги стапките на својата мајка Емилија, а првите чекори и беа во тимот на Форца Волеј. Нејзиниот помал брат е репрезентативец на кошаркарската селекција до 16 години, а татко и поранешен судија и Сашо сегашен кошаркарски делегат.
„Ова ќе биде уште едно искуство за мене. Верувам дека тоа ќе придонесе за уште повеќе да се развивам како играч. Со играњето во посилна конкуренција и повеќе натпревари добиваме на рутина.Тоа ќе ми помогне и во идните настапи за македонската репрезентација, како што беше летово во Сребрената лига“,
вели Теа во изјавата за СПОРТ+.
Стекнатото богато меѓународно искуство Теа најдобро го демонстрира летово во настапите за македонската репрезентација во Сребрената лига.