Македонската репрезентативка Марија Јанковска го продолжи договорот со шампионот Ѓорче Петров.
Јанкуловска му се придружи на тимот на Ѓорче претходната сезона. Таа веднаш се вклопи во екипата и одлично ја користи минутажата која и ја даваат.
Марија потекнува од Битола од тимот на Пелистер.
Јанкуловска на Европското првенство што се одржа во Романија одигра одлично, таа беше најдобар стрелец од нашата репрезентација.
Шампионот Ѓорче Петров освен со Јанкуловска ги продолжи договорите и со голманката Слободанка Кицеска и левото крило Анастасија Николовска. Ново име во тимот е голманката Јована Трајковска.
Ивона Кимовска