Макс Верстапен од Ред Бул незнае за доста. Победи и на 12-тата трка во шампионатот што се возеше во Белгија на патеката Спа.

Иако стартуваше од 6-тата позиција уште на стартот мина двајца возачи, а во следните пет круга изби на чело и со соло трка стигна до нова победа 45-та за него во кариерата.

За Верстапен ова беше 45-тата победа во кариерата и се зацврсти на врвот на табелата кај возачите. Веќе има 125 бода повеќе од својот клубски колега и е блиску од одбрана на шампионската титула која за него ќе биде трета по ред.

Втор заврши Серхио Перез од Ред Бул, а трет низ целта мина Шарл Леклерк од Ферари.

Хамилтон беше четвртти, а до 10-тото место кое носи бодови се пласираа Алонсо, Расел, Норис, Окон, Строл и Цунода.

Најбрз круг на патеката имаше Хамилтон од Мерцедес и тоа во последниот круг и си освои еден бод.

Ред Бул со 13-тата победа по ред го подобро рекордот по бројот на победи на еден тим по ред.

Во пласманот кај возачите Верстапен е прв со 314 бода, пред Перез со 189, Алонсо 149, Хамилтон 148 бода и по 99 бода имаат Леклерк и Расел.

Во Формула 1 сега следува едномесечна пауза во сезоната. Следната трка ќе се вози на 27-ми август кога на трката за ГН на Холандија на патеката Зандворт.