Младинската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, го одработи последниот тренинг пред утрешното заминување за Хрватска каде ја очекува настап на Светското првенство.
Македонија ќе биде дел од групата Ф, на Мундијалот кој стартува на 2 август и ќе се игра до 13-ти.
Селекторот Радослав Стојановиќ е задоволен од сработеното, но и и несреќен што во тимот ќе недостасува еден од најдобрите ракометари во оваа генерација Узунчев кој се повреди.
„Задоволни сме од пристапот на играчите, беа професионални. Максимално и макотрпно тренираа. Подготвени сме за овој Мундијал. Ова не ни е прв пат на големо натпреварување со оваа генерација, со која догодина не чека и Евро-пско првенство“, вели селекторот Стојановиќ.
Црвено-жолтите ќе играат во Ријека, каде во рамките на Ф групата за противници ќе ги имаат, Норвешка, Црна Гора и Грузија редоследно.
Задачата нема да биде нималку лесна, бидејќи квалитетот е далеку поголем од она што досега го минале и осетиле овие млади момчиња.
„Не смееме да им правиме резултатски товар на овие деца. Да не заборавиме ние на Мундијалот дојдовме од Б шампионатот. Тие немаат досега немаат почувствувано таков товар. Голем хендикеп е повредата на Димитар Узунчев. Доколку тој беле присутен секако дека играчите и ние како стручен штаб, ќе се стремевме за поголем пласман. Вака остануваме приземјени. Сите, ќе дадеме се од себе. За нас секоја победа ќе биде голем успех, бидејќи по секој триумф декада ќе имаат искуство повеќе. Така, од оваа генерација во наредниот период, година-две можеме да целиме на високи резултати. Сепак, сега е многу рано да и поставиме таков товар на оваа генерација“, нагласи селекторот.
Двете првопласирани репрезентации од групата продолжуваат во главната фаза меѓу 16-те најдобри на првенството кое прв пат ќе брои 32 репрезентации.
Репрезентацијата утревечер патува за Ријека, а првиот натпревар против Норвешка ќе го игра на 2 август.