Сенегалецот Садио Мане во следната сезона дефинитивно нема да игра за минхенски Баерн.

Според светските медиуми следен работодавец на Мане ќе му биде Ал Наср од Саудиска Арабија.

Челниците на арапскиот клубот им понудиле на Баварците 37 милиони евра за напаѓачот, кој во Минхен го платја дури 70.  Мане одамна најави дека е подготвен да замине од Минхен.

Доколку се реализира овој трансфер, тоа значи дека Сенегалецот ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо, а со двајцата во тимот Ал Наср би имал „убиствен“ напад.