Двајца македонски пливачи беа утрово дел од квалификациите на петтиот ден од Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Фукуока. Најавите дека ќе бидат подобрени личните резултати се далеку од остварување. Во дисциплината 100 метри слободно Миа Блажевска Еминова имаше резултат од 58.05 секунди (57.13 нејзин најдобар резултат) и се пласира на 36.то место од 77 пливачки. Победничката во нејзината група Џулиан Јанис Крукс од Кајманските острови исплива резултат – 55.32 секунди, додека најдобро време во квалификациите имаше ХБ Хогни од Хонг Конг – 53.15 секунди.
Андреј Стојановски го имаше свој прв настап се појави на стартот во дисциплината 200 метри грбно. Тој исплива време 2:25.40 минути (2:22.42 минути најдобро негово време), а победникот во неговата група Луис Себастијан Викс од Барбадос имаше резултат 2:22.94 минути, додека во квалификациите најдобро време постигна Зак Стаблети-Кук од Австралија – 2:08.98 минути.
До крајот на првенството остануваат уште два настапа на македонските пливачи утре Ева Петровска во дисциплината 800 метри слободно и Андреј Стојановски на 50 метри грбно во сабота.