Македонската репрезентативката Драгана Петковска потпиша договор на една година со грчкиот клуб АЕК Атина.

,,Ова е предизвик за мене и верувам дека заедно ќе завршиме добра работа и ќе имаме успешна сезона. Знам дека навивачите во Грција и особено во АЕК се… луди по сите спортови. Со нетрпение очекувам да се сретнам со нив и заедно да прославиме многу победи“, изјави Драгана.

Драгана во периодот од 2014 до 2018 година играше во ЖРК Вардар со кој се настапија во Лигата на шампионите во сезоните 2014/15 и 2015/16.

Ова не е прв интернационален предизвик за Драгана. Таа има играно за Турскиот Ардесен, во Данска има играно за со Силкеборг и Содериск и во Српското првенство во клубот Јагодина. Минатата сезона Петковска играше во Израел за Макаби Ришон.

Ивона Кимовска