Лионел Меси и на вториот натпревар за Интер Мајами успеа да се запише во листата на стрелци и да постави рекорд.
Имено, најдобриот светски фудбалер во дебито против Круз беше стрелец на своето деби во дресот на клубот од Флорида . Тој ноќта ноќеска тоа го направи двапати.
Во победата над Атланта од 4:0, Меси беше стрелец на два гола. Тоа беше и 100-тиот клуб против кој Меси постигна го гол.
Светскиот шампион со Аргентина буквално брилјираше откако се пресели во САД. Навивачите на натпреварите доаѓаат само за него. Тоа беше видливо во 78.минута кога го замени тренерот Тата Мартино.
Веднаш потоа голем број посетители почнаа да ги напуштаат трибините на стадионот во Мајами.
Натпреварот против Атланта беше првиот што тој го започна како стартер и ја зеде капитенската лента околу раката.
Со оваа победа тимот на Интер Мајами се пласира во осминафиналето на КОНКАКАФ лигата, во која играат екипи од САД и Мексико.
Меси ќе има можност по четврти пат да се запише во листата на стрелци во дресот на својот нов клуб на 21 август. Тогаш продолжува МЛС лигата, а ривал на клубот од Флорида ќе биде тимот на Шарлот.