Магдалена Стоилковска е елиминирана во 1.коло на фјучрс турнирот во данскиот град Вејле.

Поуспешна Стоилковска беше домашната тенисерка Сарафина Оливија Хансен. Таа за 91.минуа го доби мечот во двата сета со 7-5 и 6-4.

Во првиот сет нашата тенисерка поведе со 2-0 во гемови. Но, потоа противничката направи серија од четири гема за водство од 4-2. Стоилковска се врати резултатски (4-4 и 5-5). Во 11-тиот гем Хансен направи брејк, а потоа го доби и следниот гем за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет по водството од 2-1 за данската тенисерка, Стоилковска „врза“ три гема и поведе со 4-2, но повторно следуваше „пад“ во играта и противничката го доби сетот со 6-4, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

Стоилковска следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Савитаипале, Финска.