Фудбалерите на Црвена звезда на полувремето од пријателскиот натпревар против Фиорентина водат со убедливи 5:0 на „Маракана“.
Црвено-белите се толку блиску да го нанесат најголемиот пораз во историјата на клубот од Фиренца.
Според неофицијални податоци достапни на Интернет. Најголемиот пораз на Фиорентина бил од Јувентус во Серија А на 22 февруари 1953 година. Тогаш во Торино било 8:0 за Јуве.
Сепак, останува прашањето дали „виолетовите“ некогаш доживеале поголемо понижување на пријателските натпревари.
Како и да е, Фиорентина нема по добро да ја памети оваа јулска вечер во Белград.