Селекцијата на Чешка, е една од противници на Македонија во олимписките пред-квалификации го објави планот на подготовките.
Според најавеното во тимот на Чесите ќе ги нема нивните први две ѕвезди. Тандемот на Барселона Јан Весели и Томаш Саторански не се на списокот на играчи.
Чешка ќе одиграат неколку контролни натпревари, почнувајќи од денеска, па се до 6. август.
Тие ќе учествуваат на турнир во Португалија каде ќе играат со домаќинот, со Брегот на Слоновата Коска и со Јордан.
Чешка ќе биде домаќин и на турнир во Брно и на кој ќе играат со Аргентина и Белгија.
Согласно распоредот на олимписките пред-квалификации во Талин, Македониј и на Чешка ќе играат во 3.коло закажано за 15 август од 15 часот.
ПОШИРОК РОСТЕР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЧЕШКА:
Рихард Балинт, Јаромир Бохачик, Давид Бом, Ондреј Ханзлик, Војчех Хрубан, Одреј Хустак, Џејмс Карник, Михал Козак, Вит Крејчи, Мартин Криж, Томаш Кузлинк, Мартин Петерка, Виктор Пулпан, Шимон Пуршл, Ондреј Сехнал, Спенсер Свејцар, Матеј Свобода