21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез е ново засилување во тимот на Вардар. Родригез потпиша две годишен договор со Вардар и е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар.
Ова е четврто засилување за тимот на Вардар откако претходно потпишаа Петриќ, Срдановиќ и Николиќ.
Тој игра на позицијата лев бек но, може да игра и на лево крило и среден бек.
Родригез на 18 годишна возраст ја напушти Куба и замина да игра во Спортинг Лисабон со кои настапуваше во Лигата на шампионите. Потоа беше дел од екипите на Портимоненсе и на Брага. Претходната година во тимот на Брага Хансер од 28 натпревари постигна 86 гола.
Тој веќе е дел од подготовките за сезоната што следува. Покрај тренинзите во Скопје подготовките од денес ќе ги продолжи во Маврово.
Црвено-црните во периодот од 16 до 19 август ќе учествуваат на 51-то издание на Струшкот турнир. На турнирот освен Вардар ќе учествуваат и домаќинот Струга, Алкалоид, АЕК Атина, шведскиот тим Гуиф и српскиот Партизан.
Ивона Кимовска