Од четирите останаа два македонски претставници на европската фудбалска сцена.
Македонија Ѓорче Петров и Шкендија го завршија својот настап во првото коло. Струга Трим Лум беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампоните, но продолжува во Конференциската лига. Стружани како и екипата на Шкупи ги очекуваат натпреварите од второто квалификациско коло.
Но, пред настапите во среда и четврток, двата тима попладнево ќе ги дознаат можните противници за третата рунда.
Во 14 часот во седиштето на УЕФА ќе биде извршена ждрепката.
Можни ривали на стружани би биле, тимот на Линколн од Гибралтар, односно победниците од дуелите: ТНС (Велс) – Свифт Веспер (Луксембург) или Балкани (Косово) и Ларне (Северна Ирска).
Шкупи пак би можел да има потешки противници. Еден од нив е Динамо Киев кој е носител на третата квалитативна група. Покрај украинскиот тим потенцијални ривали на чаирчани би биде победниците од натпреварите: Митјиланд (Данска) – Прогрес (Луксембург), Хапоел Бер Шеева (Израел) – Паневезис (Литванија), Ордабаси (Казахстан) – Легија Варшава (Полска).
Но. Прво двата македонски тима треба да ги минат своите ривали во втората рунда со кои првите средби ќе ги играат на домашен терен. Стружани во средба во Охрид го пречекуваат црногорскиот Будуќност, а Шкупи во Скопје бугарскиот тим Левски од Софија.