Преостанатите два македонски претставници, на европската сцена Струга Трим Лум и Шкупи, ги дознаа можните противници за 3.коло Конференциската лига.
Македонскиот првак, Струга ТЛ би имал противник „по мерак“ во третата рунда. Стружани во второто коло имаат против црногорскиот тим Будуќност. Доколку го минат, во третата рунда би играле со победникот од двомечот меѓу велшкиот ТНС и екипата на Свифт Хеспер од Луксембург.
Екипата на Шкупи во втората рунда игра против Левски од Софија. Триумф во двомечот со бугарската екипа, на чаирчани ќе им го донесе победникот од дуелот Хапоел Бер Шева од Израел и Паневезис од Литванија.
Натпреварите од 3-тото квалификациско коло за Конференциската лига се закажани за 10 и 17 август.