Македонската репрезентативка Бојана Диневска е ново засилување во женскиот ракометен клуб Чаир.
Диневска долг период беше дел од екипата на Вардар и го предводеше тимот одлично како капитен. Станува збор за ракометарка која беше една од константните во тимот на Вардар.
Диневска има настапувано и за сениорската репрезентација на Македонија.
„ЖРК Чаир ќе биде нов чекор во мојата кариера, ме импресионира фактот дека се посакува успех. Управата на Чаир најавува градење на топ-тим и јас сакам да сум дел од него. Благодарна сум за шансата и едвај чекам да започнеме
Имам високи очекувања од сезоната, затоа што вербата во тимот на ЖРК Чаир за успех ме мотивира. Верувам дека со напорна работа ќе ги постигнеме нашите цели. Да се биде дел од тим со шампионски амбиции, само по себе е мотив“, изјави Бојана Диневска.
Чаир претходната сезона заврши на третата позиција и си обезбеди место во Европскиот Куп.
Прв натпревар во Европскиот Куп на Чаир ќе биде против екипата на Венло од Холандија.
Ивона Кимовска