Македонските јуниори се збогуваат со четвртфиналето на Европското првенство. Репрезентацијата до 18 години, пладневно е поразена од Австрија со 74-77, во второлигашката европска конкуренција (Б дивизија).

Имаа црвено-жолтите и 17 поени предност, но желбата за индивидуално докажување беше скапо платена на крајт.

Во првата четвртина црвено-жолтите беа поентерски расположни. Го добија периодот со 31-19. На стартот на втората има аи најголеми +17 (36-19). И тука тргна колата низ брдо. Наместо во ист ритам и со колективна игра да ја одржуваат и зголемуваат предноста, почнаа солирањето. Резултат на тоа беа само трите уфрлени поени до  крајот на полувремето. Па, наместо со убедлива предност на одмор заминаа црвено-жолтите заминаа само со +5 (38-33).

Противникот беше подобар и во третиот период 25-21, па во последниот нашите јуниори влегоа со поен предност (58-59).

Во последните две минути се влезе со израмнет  резултат 72-72. Иако противникот, во повеќе наврати,  ни „се понуди“ да го совладаме тоа не се случи.

На крајот Македонија беше поразена со 74-77, а со вториот пораз ги загуби шансите за четвртфинален.

За колку-толку да го поправат впечатокот, избраниците на селекторот Андреј Апослтолски Лечиќ, шанса ќе имаат во следните два натпревари.

Првиот во вторник против тоталниот аутсајдер Норвешка, и ден подоцна против Исланд.