Селекциите на Полска и Јапонија го формираа вториот полуфинален пар на завршниот „фајнал-елт“ турнир на Светска лига на нации, што се игра во полскиот град Гдањск.

На задоволство на домашната публика Пајаците во четвртфиналето беа подобри од Бразилците. Во мечот кој домаќините го добија со 3:0 „Кариоките“ освоија по 24, 21 и 20 поени во трие сета.

Нивните противници во полуфиналето Јапонците, ја надиграа селекцијата на Словенија.
Можеби не очекувано, но убедливо во три сета Јапонија победи со 26-24, 25-18 и 25-22.

Така утре во првиот полуфинален меч закажан за 17 часот ќе играат Полска и Јапонија.

Вториот финалист ќе го дознаеме по одигрувањето на мечот меѓу САД и Италија чиј почеток е од 20 часот.

Дуелите за медал, на програмата се во недела, односно од 17 часот ќе се игра за бронзениот медал, а од 20 ќе почне финалето.