По одигрувањето на ревеш натпреварите во првата квалификациска рунда од четирите останаа две македонски екипи во европските купови. Струга Трим Лум и Шкупи ќе играат во втората рунда на Конференциска лига.
Иако претрпеа пораз и беа елиминирани од Лигата на шампионите, фудбалерите на Струга Трим Лум остануваат на европската сцена.
Македонскиот првак во 2.коло од квалификациите ќе игра со црногорскиот претставник Будуќност. Во првиот натпревар закажан за во среда (26 јули, од 17 часот) Стружани повторно во Охрид ќе бидат домаќини. Седум дена подоцна ќе гостуваат во Подгорица (1 август од 21 часот)
Европското лето го продолжува и Шкупи, кој иако вчера одигра 0-0 со литванскиот Хегелман, сепак победата од 5-0 на првиот меч беше повеќе од доволна. Шкупи во 2-то коло за противник ќе го има бугарскиот претставник Левски од Софија.
И Шкупи ќе биде домаќин на првиот натпревар (26 јули, од 17 часот), а реваншот ќе го игра на 3 август (19 часот).
По само два одиграни натпревари, својот настап го завршија Македонија ЃП и Шкендија.
Ѓорчепетровци наидоа на одличниот летонски претставник РФС Рига од кој беа на два пати поразени (0-1 и 1-4).
Затоа пак разочарување приредија тетовци, кои на гостувањето во Велс кај Хавервордвест заминаа со гол предност (1-0). Но, Шкендија се посрамоти во пенал серијата со промашените три удари, па не мина според планот и го заврши настапот во Конференциската лига.