Македонските одбојкари ги чека долго топло лето кое ќе биде заокружено со настапот на ЕП чиј ко-домаќин е Скопје. 

Одбојкарите се во СЦ „Јане Сандански“ каде ги започнаа подготовките за големиот предизвик. 

Тие веруваат дека може да ја израдуваат македонската спортска јавност, од која очекуваат голема поддршка.

Дарко Ангеловски, ветува дека одбојкарите нема да ја разочараат публиката. Воедно популарниот „Шаби“ во свој стил  ја повикува јавност уште од сега да обезбеди карти и да биде дел од еден од најголемите спортски настани во Македонија.