НБА тимот на Оклахома потврди дека Василије Мициќ новиот кошаркар на „Тандерс“. Поранешниот играч на Анадолу Ефес по неколкунеделни преговори со тимот од Оклахома потпиша тригодишен договор.
Информациите велат дека српскиот кошаркар ќе заработи 23.5 милиони долари бруто.
Брилијантниот плејмејкер беше избран за 52-ри пик на драфтот од Филаделфија во 2014 година. Но, неговите права беа префрлени шест години подоцна во Оклахома, која го искористи тоа за да го ангажира Мичиќ.
Србинот израсна во редовите на Мега, од каде по четири сезони замина во Баерн. Во Минхен остана две сезони, од кои едната ја мина како позајмен играч во Црвена Звезда, а во следните две играше за Тофаш и Жалгирис.
Одличните игри во Кануас му обезбедија трансфер во Анадолу Ефес, каде за пет сезони стана европски шампион, МВП на Евролигата и еден од најдобрите европски кошаркари.
Thunder Signs Vasilije Micić
🔗 | https://t.co/hGbzB0zo9p pic.twitter.com/xeHCP0K34c
— OKC THUNDER (@okcthunder) July 17, 2023