Македонскиот првак Струга Трим Лум, попладнево ќе го одигра реванш натпреварот против литванскиот Жалгирис.
Првиот дуел од квалификациите за Лигата на шампионите, одигран во Каунас заврши без голови 0-0.
Иако стружани имаа можност дури и за победа, сепак време за жалење немаше. Така смета Шпетим Дуро тренерот на Струга Т.Л.
Шансата за ново историско достигнување, стружани ќе имаат попладнево пред својата публика.
Иако играат во соседниот Охрид, фудбалерите на оваа екипа веруваат дека ќе имаат голема поддршка од трибините.
Натпреварот Струга Т.Л. – Жалгирис ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“, а почетокот е закажан за 17 часот.