Стефан Трпчевски повторно е дел од ракометниот тим на Еурофарм Пелистер информираа од клубот.
26-годишниот ракометар потекнува од школата на битолскиот клуб. По неколку интернационални искуства, следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер
Трпчевски претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Тој во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.
Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.