Словенечкиот репрезентативец Јака Блажич повторно е член на љубљанска Цедевита Олимпија, информираа од клубот.

По една година помината во Турција, тој се враќа во Љубљана.

„Имав проблематична минатата сезона, која ја одбележаа повреди и операција на грбот. Сето тоа влијаеше да не бидам на нивото на кое можам. Ќе се обидам да бидам подобар во претстојната сезона во дресот на Цедевита Олимпија и да заедно да постигнеме добри резултати. Се надевам дека и навивачите ќе бидат со нас и ќе не поддржат од трибините“, изјави Блажиќ за клупската веб-страница.

Блажич (33) по трет пат во кариерата ќе игра за популарните „змајчеки“. Тој го носеше дресот на Олимпија од 2011 до 2013 година, односно од 2019 до 2022 година.

„Новиот тренер Симоне Пјаниџани има големо искуство, тимот во следната сезона ќе биде мешавина од искуство и талент, така што имаме на што да се надеваме и во АБА лигата и на меѓународната сцена“, додава Блажич.

Што се однесува до пристојното Светско првенство, искусниот репрезентативец на Словенија вели:

„Подготвен сум за обврските во репрезентацијата, тренирам извесно време и во понеделник ќе му се ставам на располагање на селекторот Алексндер Секулиќ. Се радувам на овие обврски и верувам дека со моите соиграчи ќе постигнеме позитивен резултат“.