Време е за „супер“ финале на неофицијалното светско тениско првенство Вимблдон. Сите го посакуваа и го добија дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Дуелот на двајцата во моментов најдобро рангирани тенисери на АТП листата, ќе го даде годинашниот победник на Вимблдон.
Речиси е невозможно да се даде прогноза. Патот на двајцата тенисери до финалето беше супериорен, двајцата играат во голема форма, но….
Според искуството и се она што го има зад себе, Србинот сепак е благ фаворит. 23-те трофеи од Грен-слем турнирите, седумте на Вимблдон (четири во низа), како и победничката серија од 34 меча секако се причина Ѓоковиќ да ја има фаворитската улога.
На спротивната страна. Младоста, темпераментот, силината на ударот па и желбата за докажување и надигрување со најдобрите, се адутите на 16-години помладиот Шпанец.
За традиција на меѓусебни дуели не може да се говори. Досега тие имаат одиграно само два меча, а по една победа забележаа обајцата.
На првиот меч, 2022 година, во финалето во Мадрид, младиот Алкараз ја израдува домашната публика славејќи во три сета (6-7, 7-5 и 7-6).
Во вториот одигран пред само 40-тина дена подобар беше Новак. Тој славеше во полуфиналето на Роланд Гарос со 3:0, но вредно е да се спомене дека Алкарз во третиот сет играше повреден.
Сега двајцата се здрави, двајцата се во топ форма, па исполнети се сите услови попладнево да гледаме врвен тенис.
Дали Ѓоковиќ ќе направи уште еден историски успех или Алкараз ќе го освои само вториот трофеј од Гренд-слем турнирите ќе видиме по финалниот меч што ќе започне од 15 часот.