Женската кадетска репрезентација на Македонија, денеска ќе го одигра последниот натпревар на ЕП за ракометарки до 19 години, во Романија.
Нашите ракометарки кои досега ги загубија сите седум (7) натпревари, ќе се борат да го избегнат последното место на табелата.
Својата шанса за прва победа ќе ја бараат во дуелот со Хрватска, која исто така ги загуби сите натпревари.
Натпреварот за 15-тото место Македонија – Хрватска ќе започне од 12 часот, а е првиот од претпоследниот ден на шампионатот.
Првенството завршува утре со натпреварите за медал во кои, за бронзата ќе играат Данска и Унгарија, а за златото ќе се борат домашната Романија и селекцијата на Португалија.