Младинската женска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман во главната рунда на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија.

Нашата репрезентација во три натпревари во првата рунда, претрпе три порази од репрезентациите на Црна Гора, Данска и Чешка.

Избраничките на селекторката Јулија Дамчевска сепак продолжуваат со натпреварите, но сега во разигрувањето за пласман од 9-то до 16-то место.

Противници на нашите млади ракометарки ќе им бидат врсничките од Норвешка и Србија. Во групата 4 Чешка и Норвешка ќе префрлат по 2 бода, додека Србија и Македонија ќе стартуваат со нула.

Двете прво пласирани репрезентации од двете ново формирани групи (3 и 4) ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, додека трето и четврто рангираните ќе играат за пласман од 13 до 16 место.

Денеска е слободен ден на шампионатот, а утре Македонија ќе игра со Норвешка со почеток од 12 часот, додека во истиот термин (12.00) ден подоцна (вторник) црвено-жолтите ќе играат против Србинките.

Сите актуелности поврзани со настапите на младите македонски ракометарки на ЕП можете да си следите ОВДЕ.