Со двата натпревари одиграни синоќа во американскиот град Анахајм, заокружена е групната фаза во Светската одбојкарска лига на нации.
Домашната селекција на САД со победата над Бугарија со 3-0 ја потврди првата позиција на табелата, додека Французите славејќи над Германија со 3-1 го освоија осмото место, последно што води во разигрувањето, притоа исфрлајќи ја Србија од плеј-офот.
Токму Американците и Французите, кои лани во Болоња (Италија) играа за златниот медал (го освоија „Триколорите“), ќе го сочинуваат едниот од четирите парови во четвртфиналето, на завршниот „Ф8“ турнирот што ќе се одржи од 19 до 23 јули во полскиот град Гдањск.
СВЕТСКА ЛИГА НА НАЦЦИИ – 1/4 ФИНАЛЕ
19 јули
17.00 САД – ФРАНЦИЈА
20.00 ИТАЛИЈА – АРГЕНТИНА
20 јули
17.00 ЈАПОНИЈА – СЛОВЕНИЈА
20.00 ПОЛСКА – БРАЗИЛ
Во полу-финалето ќе играат победниците од дуелите
22 јули
17.00 САД / Франција – Италија / Аргентина
20.00 Јапонија / Словенија – Полска / Бразил
Натпреварите за медал ќе се играа на 23 јули
17.00 за 3-то место
20.00 Финале
NEXT STOP: MEN’S #VNLFinals 🤯!
🗓️ Dates: July 19-23
📍 Location: Gdansk, Poland 🇵🇱
📺 Matches will be streamed on https://t.co/Rb6x7u4TwH.
🏐 #VNL #VNL2023 #volleyball pic.twitter.com/fxNaA4UyWY
— Volleyball World (@volleyballworld) July 10, 2023