Организаторите на Вимблдон, се чини не се многу среќни, бидејќи откако лани не им дозволија да играат, а годинава им поставија десетици ултиматуми на руските тенисер, тие пак им пркосат со резултатите.
Русите Андреј Рубљев и Роман Сафиулин, се првите двајца кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Вимблдон, а реална шанса за тоа утре ќе има и Данил Медведев.
Седмиот носител Андреј Рубљев одигра исцрпувачки меч (3 часа 20минути) со пет сета противи Алесандро Бублик од Казахстан кој го доби со 3:2. Сега Рублјев ќе го чека исходот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач од Полска, по што ќе го дознае противникот во четвртфиналето.
А, во него ќе игра Роман Сафиулин. Русинот попладнево го доби осминафиналниот меч против 20-то рангираниот во Лондон Денис Шаповалов од Канада со 3:1 во сетови.
Сафиулин кој е дури на 92-место на АТП листата, во четвртфиналето ќе игра со осмиот носител Јан Синер од Италија кој со 3:0 стави крај на изненадувањата на Колумбиецот, Даниел Елахи Галан.