Иако можеби потешко од очекуваното, вториот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го доби мечот од второто коло против Австралиецот, Џордан Томпсон. Во мечот што траеле 2 часа и 29 минути седумкратниот освојувач на Вимблдон славеше со 3:0

Првиот и единствен брејк Ѓоковиќ во првиот сет го направи во шестиот гем кога поведе со 4:2, што му овозможи рутински да го добие првиот сет со резултат 6:3.

Во вториот и третиот сет се водеше голема борба. Ѓоковиќ, направи брејка, но 70-тиот играч на светот Томпсон со добри сервиси се врати и се избори за тај-брек кој сепак го загуби со 7-4 на поени.

И во третиот сет мина во иста игра. Нивото на Томпсон не падна, а Австралиецот со силни сервиси го измачуваше српскиот тенисер кој не можеше да добие брејк шанса. Ѓоковиќ беше блиску до брејк во осмиот гем кога се играше разликата, но Томпсон го спаси неговиот сервис. Сепак во 11-от гем Ѓоковиќ стигна брејк и со 6-4 го доби сетот за пласман во третото коло.

Противник на Новак Ѓоковиќ во следната рунда ќе биде подобриот од мечот меѓу Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери и Швајцарецот Стен Вавирнка.