Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригес, при претставувањето на новиот селектор Фернандо Диниз, откри дека тој е привремено решение откривајќи дека следното лето „Кариоките“ ќе ги предводи Италијанецот, Карло Анчелоти.
„Тој ќе подготви терен за тренерот кој го презема од 2024 година, Карло Анчелоти“,
изјави Родригез.
Ситуацијата е јасна и им одговара на Бразилците, Италијанецот по истекот на договорот со Реал во јуни следната година ќе го преземе „Селесао“, а ќе дебитира на Копа Америка во САД.
Ова натпреварување е закажано за третата недела од следниот јуни, ќе играат и екипи од зоната КОНКАКАФ, од кои шест заедно со десет репрезентации од Латинска Америка. Домаќини ќе бидат Американците за кои ова ќе биде подготовка за организацијата на на СП 2026 година, на кое најголемиот дел од натпреварите ќе се играат во САД, а ко-домаќини ќе бидат Мексико и Канада.
Бразил до следното лето, односно додека Диниз е на клупата од септември, има шест натпревари до Копа Америка, квалификациите за СП, вклучувајќи го и најголемото дерби, во ноемврискиот прозорец ги пречекуваат Аргентинците.