Додека девојките веќе ги играат натпреварите на Балканијадата во Врњачка Бања, Србија, момчињата утринава отпатуваа за Тирана, Албанија.
Имено македонската пионерска репрезентација на одбојкари до 17 години (момчиња родени 2007-ма година и помлади) од утре до недела ќе учествуваат на Балканското првенство.
Во составот на селекторот Ванче Санев се 14-мина одбојкари: Јован Лука Глигоров, Филип Петрушевски, Алек Спасовски, Јован Милев, Михаил Радевски, Давид Николов, Дарко Жабев, Лука Ристоски, Иван Иванов, Владимир Диневски, Тоше Ефремов, Дамјан Јовановски, Дамјан Миневски и Семих Кадиров.
Прв противник на Македонија во групата „А“ ќе биде домаќинот Албанија (утре од 20.30 часот), во четврток ќе се сретнеме со Србија, а во петок со Турција.
Во групата Б, се Бугарија, Романија и Црна Гора.
Првите две репрезентации ќе играат вополуфинале, а преостанатите за пласман од 5-то до 7-то место во конечното рангирање.