Иако во изминатиот период премногу се пишуваше за негов трансфер пред се во Премиер лигата, фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен е блиску до потпишување на нов договор со клубот од Неапол
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Осимен неодамна разговарал со челниците на Наполи, кои му ветиле продолжување на соработката. Италијанските медиуми пренесуваат дека Нигериецот би можел да остане во Наполи поради фактот што во моментов нема заинтересиран клуб кој би сакал да одвои 120 милиони евра обештетување за него.
Интерес за нигерискиот репрезентативец претходно покажаа Пари Сен Жермен, Баерн и Манчестер Јунајтед, но сите три клуба се откажаа од преговорите поради високата отштета. Осемен има договор со клубот од Неапол до јуни 2025 година. Во Наполи пристигна во 2020 година од Лил, а минатата сезона постигна 31 гол на 39 натпревари во сите натпреварувања за клубот од Неапол кој по повеќе од три децении ја освои Серија А.