Вардарци денешниот тренинг ќе го одржат со присуство на своите верни симпатизери „Комити“.
„Црвено-црните“ кои сега се токму под „капата“ на навивачката група која од неодамна ја презеде целосно управувачката структура на клубот, попладнево на свои симпатизери кои ќе присуствуваат на тренингот ќе им ги презентира идните планови.
„Почитувани навивачи на клубот,
Ве покануваме на првиот официјален тренинг на ФК Вардар, кој ќе се одржи веднаш позади западната трибина на Градскиот стадион.
Собирот на навивачите, започнува во 18:00ч, на фонтаната во Градскиот парк.
На собирот, ќе може да се купат промотивни маички “Вардар – клуб на народот”, по цена од 500 денари.
Покрај тоа, пред сите јавно ќе бидат соопштени начелата на нашата најголема заедничка акција – Продажба на членски карти, со кои ќе можат да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, во сезоната 2023/24.“